Додека се врти Земјава,
Господи, твоја е власта.
Дај му на тој што сака да властува
да се навластува со сласт.
Дај му одмор на дарежливиот
барем до крајот на денот.
На Каин дај му каење,
но и на мене сети се.
Јас знам дека семоќен си,
верувам во мудроста твоја,
како што мртвиот војник верува,
дека во рајот живее.
Како што верува секое уво,
на твоите тивки зборови.
Како што веруваме сите,
несвесни за своите постапки.
Господи, Боже мој, зеленооки мој,
додека се врти земјава,
и сама му се чуди на тоа,
додека не и недостига,
време и оган,
дај им на сите по малку,
но и на мене сети се.Автор: Булат Окуџава
Препев: Константин Карев