Thursday, May 3, 2012

Talking Heads – “Psycho Killer”


Психо убиец
 Talking Heads – “Psycho Killer

Изгледа не можам да се соочам со вистината.
Јас сум напнат и нервозен и не можам да се ослободам.
Не можам да спијам, мојот кревет како да гори.
Не ме допирај, јас сум гола жица - психо убиец.
Што е тоа?
Подобро бегај подалеку!

Започнуваш разговор а не можеш ни да го завршиш.
Ти ломотиш многу, без ништо да кажеш.
Кога јас немам што да кажам, си молчам.
Кажи нешто еднаш, зошто да повторуваш?

Психо убиец.
Што е тоа?
Подобро бегај подалеку!

Тоа што го правам е вечерва.
Тоа што таа го рече е вечерва.
Реализација на мојата надеж - тргнувам кон славата.

Психо убиец.
Што е тоа?
Подобро бегај подалеку!

Ние сме суетни и ние сме слепи.
Ги мразам луѓето, кога тие не се љубезни.



Queen – “The Show Must Go On”


Претставата мора да продолжи
(Queen – The Show Must Go On”)

Празнина ... Зошто ли живееме?
Напуштени места ... мислам дека го знаеме резултатот.
Повторно и повторно се прашувам:
дали некој знае што бараме?

Еве уште еден херој.
Еве уште еден безумен злочин.
Таму, зад превезот, сите покажуваат нешто.
Само продолжете така!
Но сака ли некој да продолжи?

Претставата мора да продолжи.
Претставата мора да продолжи.
Моето срце е скршено на парчиња.
Мојата шминка може е лажна,
но мојата насмевка не е.

Што и да се случи - ќе оставам на судбината.
Уште една душевна болка, уште една неуспешна љубов.
Тоа постојано се повторува.
Дали некој знае зошто живееме?

Мислам дека осознавам, поблиску сум -
Наскоро ќе завршам зад аголот.
Надвор се разденува,
но во душава темница.
До болка посакувам слобода.

Претставата мора да продолжи.
Претставата мора да продолжи.
Моето срце е скршено на парчиња.
Мојата шминка може е лажна,
но мојата насмевка не е.

Мојата душа е шарена како крилјата на пеперутките.
Вчерашните бајки остануваат, тие никогаш не умираат.
Можам да летам, пријатели!

Претставата мора да продолжи.
Претставата мора да продолжи.
Јас гледам на тоа со насмевка -
Јас никогаш не се предавам.
И шоуто ќе продолжи.

Јас ќе ја пополнам пресметката.
Чекор до работ.
Јас мора да најдам сила за да продолжам понатаму -
да продолжам со претставата.

Претставата мора да продолжи.


http://www.youtube.com/watch?v=4ADh8Fs3YdU