Thursday, May 3, 2012

Queen – “The Show Must Go On”


Претставата мора да продолжи
(Queen – The Show Must Go On”)

Празнина ... Зошто ли живееме?
Напуштени места ... мислам дека го знаеме резултатот.
Повторно и повторно се прашувам:
дали некој знае што бараме?

Еве уште еден херој.
Еве уште еден безумен злочин.
Таму, зад превезот, сите покажуваат нешто.
Само продолжете така!
Но сака ли некој да продолжи?

Претставата мора да продолжи.
Претставата мора да продолжи.
Моето срце е скршено на парчиња.
Мојата шминка може е лажна,
но мојата насмевка не е.

Што и да се случи - ќе оставам на судбината.
Уште една душевна болка, уште една неуспешна љубов.
Тоа постојано се повторува.
Дали некој знае зошто живееме?

Мислам дека осознавам, поблиску сум -
Наскоро ќе завршам зад аголот.
Надвор се разденува,
но во душава темница.
До болка посакувам слобода.

Претставата мора да продолжи.
Претставата мора да продолжи.
Моето срце е скршено на парчиња.
Мојата шминка може е лажна,
но мојата насмевка не е.

Мојата душа е шарена како крилјата на пеперутките.
Вчерашните бајки остануваат, тие никогаш не умираат.
Можам да летам, пријатели!

Претставата мора да продолжи.
Претставата мора да продолжи.
Јас гледам на тоа со насмевка -
Јас никогаш не се предавам.
И шоуто ќе продолжи.

Јас ќе ја пополнам пресметката.
Чекор до работ.
Јас мора да најдам сила за да продолжам понатаму -
да продолжам со претставата.

Претставата мора да продолжи.


http://www.youtube.com/watch?v=4ADh8Fs3YdU


No comments:

Post a Comment