Friday, April 4, 2014

Максим Горки, Песна за соколот


“ Високо вo планината смок се влечеше на стомак. Тој легна во влажен процеп меѓу камењата и се сви гледајќи го морето.
Високо на небото сјаеше сонцето, планинските врвови издишуваа знојно во небото, а долу брановите се удираа в карпи...
По доловите, низ мрак и влага, влејќи камења, поток се стремеше кон морето... Буен и силен, сиот во бела пена, тој ги сечеше карпите, рикаше луто и паѓаше во морето.
Наеденаш до смокот од небото падна сокол со разбиени гради и со крв во пердувите... Со кратот пискот тој падна долу, со градите гневно удирајќи во тврдиот камен...
Смокот се изплаши, се повлече, но набрзо разбра дека птицата мигови брои...
Тој доползи до сразената птица и и просска гледајќи в очи:
- Што, умираш?
- Да, умирам! - кажа Соколот, тешко дишејќи. -Јас живеев славно!... Јас познавам среќа!... Се биев јас храбро!... Го видов небото...„

Продолжение следува...

No comments:

Post a Comment