Friday, April 4, 2014

Максим Горки, Песна за соколот


“ Високо вo планината смок се влечеше на стомак. Тој легна во влажен процеп меѓу камењата и се сви гледајќи го морето.
Високо на небото сјаеше сонцето, планинските врвови издишуваа знојно во небото, а долу брановите се удираа в карпи...
По доловите, низ мрак и влага, влејќи камења, поток се стремеше кон морето... Буен и силен, сиот во бела пена, тој ги сечеше карпите, рикаше луто и паѓаше во морето.
Наеденаш до смокот од небото падна сокол со разбиени гради и со крв во пердувите... Со кратот пискот тој падна долу, со градите гневно удирајќи во тврдиот камен...
Смокот се изплаши, се повлече, но набрзо разбра дека птицата мигови брои...
Тој доползи до сразената птица и и просска гледајќи в очи:
- Што, умираш?
- Да, умирам! - кажа Соколот, тешко дишејќи. -Јас живеев славно!... Јас познавам среќа!... Се биев јас храбро!... Го видов небото...„

Продолжение следува...

Tuesday, February 11, 2014

Тажната жена (La Llorona) - Joan Baez

Тажната жена

Сите ме викаат:тажната жена„.
Тажна сум - се грижам.
Јас сум како чили пиперче,
јас сум пикантно сладка.

Црна јас. Плачам во себе,
плачам и вчера и денес.
Вчера бев подобро,
а сега ниту сенка не сум.

Велат дека немам тага,
зошто не ме виделе да плачам.
Мртвите не офкаат,
но нивната болка е преголема.

Црна јас, ги исплакав
сините како небо очи,
и животот ќе го дадам,
но не можам да престанам да те сакам.




Monday, October 14, 2013

Се зборува за бунт и револт! (Talkin' Bout a Revolution - Tracy Chapman)



Се зборува за бунт и револт!

Зар не знаеш?
Се зборува за бунт и револт.
Тоа звучи како шепот.

Додека стојат во редиците за храна,
кога се молат за да земат социјално,
губат време невработени -
зошто немаат книшки портокалови.

Сиромашните ќе се кренат,
за да го земат својот дел.
Сите луѓе ќе се кренат,
што е нивно – нивно е.

Е, тогаш – подобро да бегаш!
Подобро да бегаш ти!
Реков: подобро да бегаш!
Тој што суден бил –
тој ќе ти пресуди!

Конечно во свеста има помена:
Се зборува за бунт и револт!

Monday, February 4, 2013

Sting - Englishman In New York

Не пијам кафе, туку чај, драга.
Сакам тост што е запечен само од едната страна.
Можеш да го приметиш тоа во мојот акцент, кога зборувам:
јас сум Англичанец во Њујорк.

Гледај ме кога шетам по Петтата авенија,
со бастунче во рака,
го носам секаде:
јас сум Англичанец во Њујорк.

Јас сум
туѓинец, сум легален странец,
јас сум Англичанец во Њујорк.

Ако, "манирите го прават човекот" како што некој рече,
тогаш тој е херојот.
Треба да го истрпиш простотилакот и подбивањето:
Биди свој без разлика што зборуваат за тебе.

Скромноста и пристојноста може да те доведат до озборуваност,
можеш да завршиш како осаменик.
Благоста и разумноста се ретки во ова општество,
во ноќта и свеќата е посветла сонцето.

Потребно е повеќе од борбена опрема за да бидеш маж, повеќе од дозвола за оружје.
Соочи се со своите непријатели или избегни ги, кога можеш:
Господинот си оди, тој никогаш не бега.


Ако, "манирите го прават човекот" како што некој рече,
тогаш тој е херојот.
Треба да го истрпиш простотилакот и подбивањето:
Биди свој без разлика што зборуваат за тебе.


Thursday, May 3, 2012

Talking Heads – “Psycho Killer”


Психо убиец
 Talking Heads – “Psycho Killer

Изгледа не можам да се соочам со вистината.
Јас сум напнат и нервозен и не можам да се ослободам.
Не можам да спијам, мојот кревет како да гори.
Не ме допирај, јас сум гола жица - психо убиец.
Што е тоа?
Подобро бегај подалеку!

Започнуваш разговор а не можеш ни да го завршиш.
Ти ломотиш многу, без ништо да кажеш.
Кога јас немам што да кажам, си молчам.
Кажи нешто еднаш, зошто да повторуваш?

Психо убиец.
Што е тоа?
Подобро бегај подалеку!

Тоа што го правам е вечерва.
Тоа што таа го рече е вечерва.
Реализација на мојата надеж - тргнувам кон славата.

Психо убиец.
Што е тоа?
Подобро бегај подалеку!

Ние сме суетни и ние сме слепи.
Ги мразам луѓето, кога тие не се љубезни.



Queen – “The Show Must Go On”


Претставата мора да продолжи
(Queen – The Show Must Go On”)

Празнина ... Зошто ли живееме?
Напуштени места ... мислам дека го знаеме резултатот.
Повторно и повторно се прашувам:
дали некој знае што бараме?

Еве уште еден херој.
Еве уште еден безумен злочин.
Таму, зад превезот, сите покажуваат нешто.
Само продолжете така!
Но сака ли некој да продолжи?

Претставата мора да продолжи.
Претставата мора да продолжи.
Моето срце е скршено на парчиња.
Мојата шминка може е лажна,
но мојата насмевка не е.

Што и да се случи - ќе оставам на судбината.
Уште една душевна болка, уште една неуспешна љубов.
Тоа постојано се повторува.
Дали некој знае зошто живееме?

Мислам дека осознавам, поблиску сум -
Наскоро ќе завршам зад аголот.
Надвор се разденува,
но во душава темница.
До болка посакувам слобода.

Претставата мора да продолжи.
Претставата мора да продолжи.
Моето срце е скршено на парчиња.
Мојата шминка може е лажна,
но мојата насмевка не е.

Мојата душа е шарена како крилјата на пеперутките.
Вчерашните бајки остануваат, тие никогаш не умираат.
Можам да летам, пријатели!

Претставата мора да продолжи.
Претставата мора да продолжи.
Јас гледам на тоа со насмевка -
Јас никогаш не се предавам.
И шоуто ќе продолжи.

Јас ќе ја пополнам пресметката.
Чекор до работ.
Јас мора да најдам сила за да продолжам понатаму -
да продолжам со претставата.

Претставата мора да продолжи.


http://www.youtube.com/watch?v=4ADh8Fs3YdU